Сателитски снимки покажуваат распоредувања на руски воени трупи на границите со Украина (ВИДЕО)

од Milan1

Американската компанија „Максар технолоџис“ соопшти дека во текот на овој и минатиот месец снимиле снимки со висока резолуција кои покажуваат нови распоредувања на Крим, како и во неколку области за обука во западна Русија, по должина на периферијата на украинската граница.

Една од тие области е градот Јелнија, северозападно од Смоленската Област во Русија, оддалечен 260 километри од Украина. Овде се наоѓа воена станица, а на само 35 километри од украинската граница има воен магацин во кој се сместени околу 20.000 руски војници.

Наводно, околу 100.000 руски војници се постојано стационирани во близина на украинската граница, опремени со различно оружје, тенкови и силна воздушна сила. Една украинска проценка, пренесена од Си-Ен-Ен, вели дека има околу 106.000 копнени војници и 21.000 припадници на морнарицата и воздухопловните сили.

Слични содржини