СДСМ: 40.000 студенти ќе добиваат по 2400 денари за субвенционирани оброци на месечно ниво

од Nikola Popovski

Измената која ја иницираше и потекна токму Социјалдемократската младина, субвенциониран студентски оброк за 40.000 активни студенти е во завршна фаза на реализација. Министерството за образование и наука веќе објави и јавен повик, велат од СДСМ преку соопштение.

Според нив, аплицирањето за остварување на правото на сите редовни студенти е започнато од први август.

-Ги повикуваме студентите да се пријават и да аплицираат. Со оваа мерка, 40.000 активни студенти, секој месец на својата сметка ќе добиваат по 2.400 денари за субвенционирани оброци. Директно на трансакциските сметки на студентите ќе завршуваат 15 милиони евра.СДСМ продолжува посветено да работи во насока на интересите на студентите, на младите, подобрување на условите за живот и нивниот економски стандард, велат од владеачката партија.

Слични содржини