СДСМ: Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ спротивно на закон поставиле Генерален секретар на Град Скопје

од Vladimir Zorba

„Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ го именувале за секретар на Град Скопје Ѓоко Велковски актуелен советник во општина Чаир од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Ова освен што е неетички, туку е и спротивно на член 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси“, соопштија од СДСМ.

„Надлежните ограни се веќе известени и овој случај мора да има разрешница.

Арсовска одново докажа дека освен груба партизација на Град Скопје ништо друго и не прави.

Одамна е јасно дека Арсовска е најнеуспешниот градоначалник на Град Скопје“, додаваат оттаму.

Слични содржини