СДСМ: Договорот со ФРОНТЕКС е еден од најсилните докази дека македонскиот јазик е признаен од ЕУ

од Stefanija Kuzmanovska

Договорот со ФРОНТЕКС е еден од најсилните докази дека македонскиот јазик е признаен од ЕУ и тоа со чиста формулација, без додавки и фусноти, како што тоа беше случај пред десеттина години, соопштуваат од СДСМ.

„Со тоа потонаа сите лаги и хистерии што ги ширеше ВМРО-ДПМНЕ дека македонскиот јазик ќе бил загрозен, немало да биде признаен од ЕУ дека ќе станел бугарски дијалект.

Не мора од ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните за сите лаги околу македонскиот јазик и идентитет, со кои грубо ја манипулираа јавноста.

Сега, кога на дневен ред во Собранието е ратификацијата на договорот со ФРОНТЕКС ВМРО-ДПМНЕ имаат шанса да го поддржат, со што барем малку ќе го исперат срамот од лажните вести, навредите и клеветите.

Имаат прилика преку гласање за ратификација на Договорот, на дело да го поддржат евроинтегративниот процес, како стратешка цел и единствена алтернатива на државата“, наведуваат од СДСМ.

Слични содржини