СДСМ и коалицијата ја објави листата на кандидати за советници во Охрид

од Берта Китинска

За претстојните локални избори, СДСМ и коалицијата ја објави листата на кандидати за советници во Охрид.

-На претстојните локални избори СДСМ и коалицијата излегува со најдобрата програмска и кадровска понуда со која ќе продолжи развојот на Охрид.Сите кандидати за советници се докажани, угледни, професионални личности кои се мотивирани и подготвени да работат одговорно и посветено за интересите на охриѓани.Нема поголема чест и обврска да им се служи на граѓаните, да се решаваат нивните проблеми и барања. Во изминатите години тоа го правевме најдобро што можевме и ќе продолжиме уште подобро и во наредниот период, велат од СДСМ Охрид.

Слични содржини