СДСМ контра Георгиевски: За македонскиот јазик и идентитет немало преговори, ниту ќе има

од Nikola Popovski

На новинарско прашање кој е ставот на СДСМ по вчерашната искажана теза и Акциски план на коалицискиот партнер Љубчо Георгиевски, Марија Георгиевска, пратеничка од редовите на владеачката партија изјави дека нивните ставови се различни од изнесените ставови на господиниот Георгиевски.

„СДСМ останува на своите јасни и веќе кажани ставови околу ова прашање. Остануваме отворени за дијалог за изнаоѓање на решение меѓутоа повторувам уште еднаш Македонскиот јазик и македонскиот идентитет не се тема на разговор. Нити се разговарало, нити во иднина ќе се разговра на оваа тема. Ставовите на господинот Георгиевски се негови лични ставови со којшто ние апсолутно немаме никакви допирни точки“, рече Георгиевска.

Слични содржини