СДСМ: Наместо конструктивност, Мицкоски најавува нови блокади и деструкции

од Milan1

„Мицкоски најавува нови блокади знае и самиот дека не може со ништо да ја покрие неспособноста на неговите градоначалници. Наместо конструктивност, идеи и мерки, Христијан Мицкоски најавува нови блокади и деструкции во Собранието“, се вели во реакцијата од СДСМ на изнесените ставови на Мицкоски во вечерашното интервју.

„Мицкоски и денеска пропушти да одговори за сведоштвата на неговите некогашни сопартијци во предметот „Титаник”.

Уште еднаш Мицкоски потврди дека не му се важни ниту наставниците, ниту пензионерите, ниту граѓаните, тој сака со блокади да ја прикрие неспособноста на неговите градоначалници.

На локално ниво градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ не работат ништо освен што ги партизираат општините, во Собранието, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ срамно ги блокираат измените на законот кој обезбедува повисоки плати во образованието и трајно вработување на 4.700 наставници и стручни соработници“, истакнуваат од СДСМ.

Слични содржини