Граѓаните испратија јасна и силна порака до докажаниот губитник Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ дека не даваат поддршка на нивните погубни политики.Со дебаклот на протестите на ВМРО-ДПМНЕ народот одново ги порази обидите за блокади и деструкции, стои во соопштението од СДСМ.
Оттаму додаваат дека ниту еден граѓанин повеќе не верува во пласираните невистини и манипулации од белата палата.
-Затоа освен соработниците на Мицкоски никој друг нема на блокадите на сообраќајниците.
Повеќе од јасно е дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се плашат државата да успее, да се деблокира процесот на интеграција кон ЕУ, па затоа се обидуваат да нанесат штета на државните интереси од страв и очај.
ВМРО-ДПМНЕ треба да знае дека нема да успеат. СДСМ парламентарното мнозинство, Владата нема да дозволат државата да се турне во изолација како во времето на режимот заради личните и партиските интереси на Мицкоски.
Како одговорна и државотворна партија продолжуваме со посветена работа, со реформи кои водат до забрзана интеграција во ЕУ и подобар и поквалитетен живот за сите граѓани, велат од СДСМ.