СДСМ викендов одржа 24 средби во различни населени места

од Vladimir Zorba

Овој викенд, претставници на СДСМ одржале 24 маалски и урбани средби во различни населени места, општини, ширум земјава, соопштија од партијата на Заев.

Заменик претседателката Радмила Шекеринска се сретна со граѓаните од Битола, каде разговарала за повеќе прашања важни за граѓаните.

Потпреседателот Оливер Спасовски се сретнал со граѓаните на Ѓорче Петров и со граѓаните на Средорек, потпретседателката Мила Царовска била во посета на Драчево, општина Кисела Вода, потпретседателот Мухамед Зеќири приуствувал на маалска средба во Шуто Оризари, додека потпретседателот Коста Петров се сретнал со граѓаните од општина Сопиште.

На маалски средби со граѓаните учествувале и повеќе пратеници на СДСМ, претседатели на Комисии на СДСМ и други претставници на партијата. Пратеникот Јован Митрески се сретнал со граѓаните на Струга, Мартин Костовски со граѓаните на општина Ранковце, Коста Костадинов на средби во општина Василево, додека пратеничката Фаница Николова била во посета на општина Брвеница.

Претседателот на Комисијата за здравство Венко Филипче се сретнал со граѓаните на Штип, додека Јагода Шахпаска учествувала на маалска средба во Велес.

„СДСМ како одговорна партија продолжува да го слуша гласот на граѓаните и да ги следи нивните потреби. Во следниот период ќе работиме уште повеќе за да биде уште подобро за сите“, соопштија од партијата.

Слични содржини