СДСМ денеска излезе со соопштение по повод 9-годишнината од крвавиот 27 април 2027 година. Од партијата велат дека е ден кој останува најтежок потсетник колку брзо една, како што велат, недемократска и криминална власт може да ја оттурне државата во провалија.
Според СДСМ, не смее да се заборави насилството во Собранието, крвавите пратеници, нападите врз новинари…
-Но, уште пострашно е што денес ги гледаме истите тенденции. Истата екипа. Истата банда. Истата криминална матрица на ВМРО-ОКГ. Наместо правда, обиди за рехабилитација на насилниците. Наместо демократија, повторно заробени институции, притисоци врз судството, напади врз опозицијата и медиумска контрола, истакнуваат од најголемата опозициска партија.
Од партијата додаваат дека под водство на премиерот Христијан Мицкоски, државата повторно се турка во истата опасна насока, кон заробена држава.
„27 април не е само сеќавање. Тоа е опомена. Никогаш да не се заборави, да не се повтори“, кажаа од СДСМ.