Се активираа сирените ширум Украина: Се огласи Зеленски

од Stefanija Kuzmanovska

Украинскиот претседател Владимир Зеленски се огласи откако се активираа сирените за воздушен напад низ целата земја.

Украинскиот претседател Зеленски доцна синоќа објави дека сирените за воздушен напад се огласиле речиси во целата земја. Тој рече дека алармите се вклучиле по долг период на релативна смиреност, поради што луѓето бараат објаснување.

„Не треба да барате логика во акциите на терористите. Руската армија не стои во место и не прави паузи. Таа има само една задача – да убива луѓе и да ги заплашува луѓето“, изјави украинскиот претседател.

„По заземањето на Луганск, руски силите се движат кон Доњецк, источниот регион на Украина. Затоа има тешки битки“, најави гувернерот на Луганск, Серхи Хајдај.

Хајдај вели дека руските сили претрпеле големи загуби во битките за Северодоњецк и Лисичанск, клучни градови во регионот Луганск, но сега ги насочуваат сите свои напади во правец на Доњецк.

„На границите на Луганск се водат тешки битки. Таму се испратени сите сили на руската армија и резервисти. Тие трпат големи загуби“, изјави Хајдај за украинската телевизија.

„Тие испратија огромни количини опрема кон Доњецк. По Луганск, Доњецк е на врвот на листата на приоритети“, рече Хајдај.

Слични содржини