„Се договоривме да умреме на сцена, а тој побрза“: Бора Чорба се прости од својот долгогодишен пријател

од Stefanija Kuzmanovska

Бора Ѓорѓевиќ, фронтменот на Riblja čorba го објави својот статус на официјалната страница на Фејсбук на групата, преку која се прости од својот долгогодишен пријател Мишо Алексиќ, бас гитарист на групата.

„Мојот брат, Миша, почина утрово. Тој се бореше како лав до последниот здив. Свиревме заедно 42 години и не можам да замислам дека го нема повеќе. 42 години никогаш не сме се погледнале лошо, а камоли да сме се скарале. Не можам да замислам свирка без него. Се договоривме да умреме на сцена, а тој побрза. Ти благодарам брате за сè. Бора“, гласеше пораката на Ѓорѓевиќ која беше објавена на официјалната страница на Riblja čorba.

Миша бил заразен со коронавирус, а од 13 ноември бил на лекување во КБЦ „Бежанијска коса“, а неодамна неговата состојба се влошила и завршил на респиратор. Тој почина денес.

Слични содржини