Се обучуваат кучиња за откривање на КОВИД-19

од Stefanija Kuzmanovska

Британското добротворно друштво „Medical Detection Dogs“ ги здружи силите со научниците во експериментална студија за тоа дали кучињата можат да бидат обучени за да помогнат во откривање на КОВИД-19 преку нивното акутно чувство за мирис, пренесе АФП.

Кучињата ќе соработуваат со научници од Лондонската школа за хигиена и тропска медицина (LSHTM) и Универзитетот Дурам во северо-источна Англија за да проценат дали најдобрите пријатели на човекот можат да помогнат во дијагностицирање на заразените.

Претходните студии ја докажаа можноста на кучињата да „детектираат“ маларија со голема прецизност, а сегашните обиди за обука на кучиња за откривање на носители на коронавирус се засноваат на верувањето дека секоја болест предизвикува посебен мирис.

Научници велат дека обучуваат кучиња веќе шест недели „за да помогнат да се постави брза и неинвазивна дијагноза за спречување на епидемијата“.

Истата добротворна организација претходно обучувала кучиња за откривање на болести како што се карцином, паркинс и бактериски инфекции, при што кучињата биле обучени да ги мирисаат примероците земени од пациентите.

Тие исто така можат да откријат суптилни промени во температурата на кожата, потенцијално да ги направат корисни за да утврдат дали некое лице има треска.

„Во принцип, ние сме убедени дека кучињата можат да детектираат КОВИД-19“, рече Клер Гостин, основач и извршен директор на „Medical Detection Dogs“.

„Сега разгледуваме како можеме безбедно да го идентификуваме мирисот на вирусот од пациентите и да го претставиме на кучиња. Целта е кучињата да можат да проверат кај сите, вклучително и на оние кои се асимптоматски и да ни кажат дали треба да бидат тестирани. Ова ќе биде брзо, ефикасно и неинвазивно и ќе бидете сигурно дека ограничените ресурси за тестирање на NHS (Национална здравствена служба на Велика Британија ) се користат само таму каде што навистина се потребни“, додава таа.

Слични содржини