Се огласија познати фотографи: Хари и Меган користат лажни фотографии во документарецот?

од Stefanija Kuzmanovska

Само неколку месеци по смртта на кралицата Елизабета Втора, принцот Хари, кој се откажа од титулата, тронот, привилегиите… за да може да живее во мир со холивудската актерка Меган Маркл и нивните две деца, сними документарен филм за Нетфликс во кој тој ќе покаже „со што се морал да се соочи на Островот“.

По разделувањето со кралското семејство, Меган во интервјуа и во својот подкаст зборуваше дека е жртва на расизам, рече дека Кејт Мидлтон, сопругата на принцот Вилијам, не ја сака, а сега ќе прикаже во документарен филм заедно со нејзиниот сопруг како „била прогонувана од папараците“.

Иако интересот на јавноста за сите членови на кралското семејство е голем, не би било чудно доколку во документарниот филм има слики и снимки од настани каде што се опкружени со бројни светски фотографи, но проблемот е што сликите на папараците во овој случај не се вистински!

Британските медиуми, гледајќи го трејлерот за прикажувањето на документарецот на Нетфликс, кадар по кадар, открија дека папарацо фотографиите се направени на премиерата на филмот за Хари Потер во 2011 година, 5 години пред да се запознаат Хари и Меган!

Фотографите, меѓу другото, ги фотографираа членовите на кралското семејство на премиерата, како Вилијам и Кејт, но и Ема Вотсон, Даниел Редклиф… но не и „прогонетите кралски членови“ кои се запознаа дури во 2016 година.

„Морав да направам се што е во моја моќ за да го заштитам моето семејство“, се слуша гласот на Хари во трејлерот, додека се прикажани сликите од 2011 година.

Слични содржини