Се огласи колешка на Болдвин од снимањето: Тоа не беше вистински пиштол

од Nikola Popovski

Веста дека Алек Болдвин ја застрелал својата колешка Халина Хачинс на снимањето на филмот „Раст“ вчера го вознемири светот. Многумина застанаа во негова одбрана тврдејќи дека тоа не е негова вина, а се споменува и информацијата дека на снимањето е употребен вистински пиштол. Ова го демантираше неговата колешка Дебра Месинг, која на Твитер го поддржа шокираниот Болдвин.

Месинг реагираше на објавата на Бени Џонсон, конзервативна медиумска личност:

„Важна вест: Алек Болдвин уби лице со пиштол, во тек е кривична истрага. Ова е вистинскиот наслов за вас“.

Спомнувањето на вистинскиот пиштол на сетот се уште никому не му е баш јасно, па актерката реагираше и ги демантираше информациите:

„Апсолутно НЕ е точно. Му беше предаден реквизит пиштол, кој го користеше на сцената. Потоа се случи катастрофален настан каде Халина Хачинс го загуби животот, а Џоел Соуза беше повреден. Се молам за сите нивни семејства“.

Да потсетиме, холивудскиот актер Алек Болдвин вчера под несреќни околности ја убил директорката на фотографија Халина Хачинс за време на снимањето на вестерн во Ново Мексико во САД кога пукал од пиштол, пишува „Њујорк тајмс“. Режисерот на тој филм Џоел Соуза е ранет во овој бизарен инцидент.

Истрагата останува отворена и активна, а не е покренато обвинение во врска со овој инцидент.

 

Слични содржини