Се огласи Песков со најновите детали од преговорите во Турција – „Ќе ги чекаме Украинците во Истанбул“

од Љубиша Владимиров
66 прегледи

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека руската делегација ќе биде во Истанбул и ќе ја чека украинската страна за започнување на преговорите. Тој не го откри составот на руската преговарачка група, ниту точното време за почеток на состанокот. „Нашата делегација ќе биде таму и ќе ја чека украинската страна“, изјави Песков на телевизијата „Росија 1“, која ја објави снимката и на својот „Телеграм канал“.

Во исто време, Песков објасни дека составот на руската преговарачка група ќе биде објавен само кога ќе има наредба од рускиот претседател Владимир Путин. Претседателот Путин во неделата предложи со Украина да продолжат директните преговори без предуслови во Истанбул на 15 мај, нагласувајќи дека не ја исклучува можноста за постигнување примирје кое Украина ќе го почитува.

Од друга страна, украинскиот претседател Володимир Зеленски на иницијативата на Путин одговори со ултиматум, барајќи Москва да се согласи на целосно примирје во траење од 30 дена, почнувајќи од 12 мај, како услов за почеток на преговорите. И додека Доналд Трамп ја повика Украина да ја прифати понудата на Русија, Зеленски изјави дека ќе го чека Путин во Турција во четврток.

Слични содржини