Се огласи Реџепи: Добар сум, имав закани од одредени лица

од Nikola Popovski

Пратеникот на БЕСА, Кастриот Реџепи, кој денеска не присуствуваше во Собранието, се огласи на својот Фејсбук профил преку видео. Тој информира дека е здрав и добар.

-Лидерот на Беса и останатите да не се грижат. Јас сум на страната на Албанците, на сите граѓани на земјата и на страната на НАТО и ЕУ, вели Реџепи.

Тој додава дека добил закани од одредени лица, и откако ќе поминат ќе раскаже се што се случило. Исто така упати поддршка до сите граѓани на Македонија.

-Се гледаме наскоро, потенцира Реџепи.

Целото видео е на албански јазик.

Слични содржини