Се појави првата фотографија на Инстаграм од Џеј Ло и Бен Афлек (ФОТО/ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Џенифер Лопез и Бен Афлек се главна тема во светските медиуми откако се појави веста дека тие се смириле по повеќе од 10 години и тоа недолго откако таа ја раскина веридбата со Алекс Родригез, а сега на социјалните мрежи се појави нивната прва заедничка фотографија .

Фотографијата беше објавена од пријателката на Џеј Ло, актерката Леа Ремини, по повод нејзиниот 51-ви роденден, каде што позира заедно со прегрнатата двојка.

„Сакав да споделам со вас мало видео од мојот роденден затоа што добив толку многу љубов. Не можам доволно да им се заблагодарам на моето семејство и пријателите што славеа со мене“, напиша  Леа со видеото.

Слични содржини