Се појави снимка од Џеј на 11-годишна возраст од поправниот дом

од Stefanija Kuzmanovska

Џеј Рамадановски, кој почина пред два дена во неговиот стан на 56-годишна возраст, помина еден период од своето детство во поправен дом. Неговиот живот беше обележан со тешко воспитување, а на 11-годишна возраст беше сместен во воспитно-поправен дом, за кој самиот зборуваше многу пати во јавноста.

По смртта на пејачот, вирална снимка од овој период од животот на Џеј се појавина социјалните мрежи, во која тој како дете свири на тапан и пее.

„Навечер кога си легнувам, низ главата ми поминуваат разни слики од минатото. Често го сонувам поправниот дом. За целото време на мојот престој таму. Мајка ми никогаш не ме посети, само татко ми доаѓаше“, раскажал Џеј.

Слични содржини