Се појавија докази од бракот меѓу Џенифер Лопез и Афлек: Таа го зела неговото презиме

од Nikola Popovski

Денеска во светските медиуми како бомба одекна веста дека Џенифер Лопез и Бен Афлек се венчаа.

Регистрирањето на бракот се случило во округот Кларк, и иако двајцата не се изјаснија за настанот, сега се појавија докази дека го кажале судбоносното „да“.

Имено, на официјалната веб-страница на округот Кларк можете да најдете запис од нивната венчавка, на кој се гледа и дека Џенифер сега го променила презимето во Афлек, а тоа набрзо почнало да кружи на социјалните мрежи.

Фото: PROFIMEDIA/BYLINE: THEIMAGEDIRECT.COM

Слични содржини