Се поставуваат вреќи песок покрај Вардар

од desk2

Се поставуваат вреќи со песок на неколку локации на малото корито на Вардар во Скопје. По налог на Град Скопје, формиран е кризен штаб од екипи на јавните претпријатија кои што поставуваат вреќи со песок на кејот кај Владата, кај хотелот „Холидеј Ин“, во населбата Аеродром кај ПИОМ и по течението на Вардар во Сарај. Обезбедени се 10.000 вреќи со песок.

„Формирана е дежурна служба која ќе ја следи ситуацијата. Не е загрозен изворот Рашче, таму нивото на Вардар останува константно, матноста се намалува постојано што е одличен показател дека нема никакви промени во квалитетот на водата и дека нема мешање на Вардар со изворот Рашче. Се вршат мерења на секои 30 минути“, вели директорот на ЈП „Водовод и канализација“ Душко Весковски.

 

Утрово реката Вардар се излеа на неколку места. Градоначалникот Петре Шилегов ни изјави дека ова е доказ каква штета е направено на градот и на граѓаните со проектот Скопје 2014 и дека излевањето се случило оти бродовите и мостовите се еден вид брана во Вардар./СДК

Слични содржини