Се препушти на пороците и ги прокоцка милионите на нејзиниот татко: Како денес изгледа ќерката на легендарниот Курт Кобејн (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Легендарниот музичар Курт Кобејн, фронтмен на групата „Нирвана“, се самоуби во 1994 година, кога имаше само 27 години.

Во средно училиште му била дијагностицирана клиничка депресија, а подоцна станал зависник од алкохол и дрога.

„Курт може да биде многу ентузијаст, смешен и шармантен, а половина час подоцна ќе седи во ќош и ќе биде целосно нерасположен и некомуникативен“, изјави своевремено продуцентот на албумот на Нирвана од 1991 година.

Познато е дека Курт бил вљубен во Кортни Лав, со која ја добил ќерката Френсис Бин.

Исто како Курт, Кортни беше склона кон турбулентен живот, а старателството над Френсис беше доделено на нејзината баба Венди О’Конор и сестрата на Курт – Кимберли.

Кортни дури доби и забрана за приближување до Френсис се додека таа е малолетна. Оваа одлука најмногу се должи на фактот што Кортни дури и за време на бременоста користела недозволени супстанци, главно хероин.

Девојчето било одземено од родителите кога имало само две недели, а нејзината мајка официјално го изгубила старателството над неа кога Френсис немала ниту 13 години.

Меѓутоа, кога станала полнолетна, Френсис ги наследила сите пари на нејзиниот татко, милионите што ги заработил за време на неговиот живот.

Згора на сето тоа, таа сè уште заработува 100.000 долари месечно, благодарение на авторските права на нејзиниот покоен татко. Меѓутоа, еднаш признала дека живеела многу повеќе од нејзините можности и дека „фрлила во ветер 11 милиони долари“.

Исто како и нејзините родители, таа се сврте кон пороците, дрогата и алкохолот. Сепак, како што рече, во 2016 година решила да се сврти кон здрав живот.

„Морав да изгубам речиси се за да разберам некои работи во животот. Додека не се отрезнив, не сфатив дека без разлика колку пари имаш, ништо не трае вечно“, вели таа.

„Се е потешко бидејќи не ги заработив тие пари. Имам чувство дека тоа се пари на некој човек кој никогаш не сум го запознала, што е вистина“, беше искрена таа.

Френсис минатата година го прослави својот 30-ти роденден и денес живее дискретно, далеку од очите на јавноста.

Слични содржини