Се продава Batmobile за 1,5 милиони долари

од Vladimir Zorba

Официјалната филмска верзија на Batmobile користена во филмовите на Тим Бартон „Бетмен“ и „Бетмен се враќа“ од 1989 и 1992 година е на продажба.

Дизајниран од концептниот илустратор Џулијан Калдоу, а изграден од тимот за специјални ефекти на Џон Еванс во студиото Pinewood во Англија, овој Batmobile не се напојува со млазен мотор, ниту од SUS мотор. Наместо тоа, тој бил придвижуван со електрични мотори кои наводно би можеле да го доведат до брзина од 40 до 48 km/h.

Овој Batmobile има три седишта и функционален фрлач на пламен.

Batmobile се продава преку Classic Auto Mall и се нуди за 1.500.000 долари.

Слични содржини