Се шири омикрон: Избегнувајте ги овие четири места, ќе го намалите ризикот од инфекција

од Stefanija Kuzmanovska

Подваријанта на омикрон BA.5 се повеќе станува доминантен вид на вирусот и предизвикува значително зголемување на нови случаи избегнувајќи го претходниот имунитет од инфекција и вакцинација.

Има три клучни мутации во протеинот на шилецот што го прави побрз во неговата способност да не зарази и да ја избегне имунолошката одбрана. Така, има се повеќе луѓе кои повторно се заразиле со ковид-19 само три или четири месеци по претходната инфекција. Дополнително, помина доста време откако многумина ја примија третата доза од вакцината, па од ден на ден сме сведоци на зголемување на бројот на заболени.

Податоците од заразените со BА.5 веројатно не се точни

Експертите за вируси предупредуваат дека случаите на BA.5 најверојатно ќе бидат многу повисоки отколку што знаеме благодарение на домашното тестирање. Имено, брзите тестови дома им помагаат на луѓето побрзо да го дознаат својот статус и што поскоро да се изолираат, но лоша страна е што тие не се евидентирани во системот. Некои студии проценуваат дека случаите се три пати поголеми од вкупниот број што го гледаме, во некои земји се дури седум или осум пати поголеми.

Со цел да се намали ризикот од инфекција, виролозите советуваат дека можете да избегнувате места кои имаат поголем ризик.

* Затворени барови и ресторани

Преполните затворени ресторани и барови се висок ризик за ширење на вирусот, дури и ако луѓето носат маски. Побезбедно е надвор отколку внатре. Ако сте во затворен простор со мала група луѓе, отворете ги прозорците да влезе малку свеж воздух. И во време кога случаите се зголемуваат, носете висококвалитетна маска во преполни простори.

* Теретани

Знаеме дека коронавирусот лесно се шири преку капки и честички од аеросоли, што ги прави теретаните поризични места од некои. Кога вежбаме енергично, фрламе многу честички во воздухот. Варијантата BA.5 лесно се пренесува, а во мал простор каде што има многу луѓе кои вежбаат, ризикот од инфекција е значително поголем. Ако можете во текот на летото, одлучете се да вежбате на отворено.

* Затворени бродови, крузери и туристички атракции на затворено

Експертите од американскиот Центар за контрола на болести (ЦДЦ) велат дека ако некој ја дизајнира најефикасната машина за ширење на ковид кај 2.000 луѓе, таа не би изгледала многу поинаку од крузер. Исто така, да се намали влезот во места каде што се собираат многу туристи, а тие се затворени. Ако не можете, ставете маска со добар квалитет.

* Болници

Студиите покажуваат дека значителен дел од ширењето на ковид-19 во болниците е резултат на вкрстена контаминација помеѓу пациентите. Затоа, строго придржувајте се до мерките за носење маски, дезинфекција на рацете и држење на дистанца. Доколку не е потребно, не одете како придружник во болница. Но, ако имате симптоми кои може да укажуваат на болест, не избегнувајте да одите во болница поради страв да не се заразите. Ризикот од инфекција е многу помал со придржување кон епидемиолошките мерки.

Слични содржини