Се урна авион со повеќе од 100 патници: Поминал низ зграда и комуникациска кула (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Авион со повеќе од 100 патници се урна во понеделникот на аеродром во Мајами, откако опремата за слетување престанала да работи кога требаше да слета.

Авионот поминал низ мала зграда и низ комуникациската кула, лизгајќи се на долниот дел, пред да се запали.

Во авионот имало 126 патници и 11 членови на екипажот. Тројца од нив завршија во болница. Федералната асоцијација за авијација (FAA) објави дека опремата за слетување не работела правилно.

Авионот е дел од флотата во сопственост на Red Air, компанија основана минатата година во Доминиканската Република, пишува Daily Mail.

„Паника. Тоа всушност беше ужасно искуство, но како што реков, се чувствував безбедно“, изјави патникот Бало Делгадо за CBS Miami. „Во еден момент тоа се случи, а во друг низ прозорецот можеше да се види како полицијата си ја врши работата.

Противпожарните екипи брзо пристигнале на местото на настанот. Тие излегле на терен само една минута по слетувањето на авионот, во 17.38 часот и почнале да го гаснат запаленото крило на авионот.

Слични содржини