Се вери со 38 години помлада жена, сите велат дека таа потсетува на неговата ќерка (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Долф Лундгрен (63), кога го паметиме по улогата на Иван Драго во филмот „Роки 4“, пред некое време ги изненади сите кога се вери со својата 38 години помлада избраничка, фитнес инструкторката Ема Крокдал (25). Ханс Долф Лундгрен е шведски актер, режисер, продуцент, мајстор за боречки вештини и дипломиран хемиски инженер. Покрај Чак Норис, Арнолд Шварценегер, Брус Вилис, Сливестер Сталоне, тој припаѓа на златната генерација акциони херои кои беа омилени во текот на осумдесеттите години.

Во јули 2020 година, актерот сподели фотографија на својот Инстаграм каде ја гушка Ема, а таа ја покажува нејзината рака со прстенот: „Нешто многу посебно се случи овде во Шведска“, напиша тој тогаш.

На нивните заеднички фотографии има чести коментари со прашањата „Дали ти е внука“ или „Големата разлика во годините“.

Исто така, многумина забележаа дека неговата избраничка многу потсетува на неговата ќерка Ида.

Слични содржини