Се воведува надоместок и за жени со обострана ампутација на дојка

од Vladimir Zorba

Надоместок и за жените кои имаат обострана ампутација на дојка се воведува со новиот Правилник за листата за видовите телесни оштетувања врз основа на кои се стекнува со правото на паричен надоместок и процентите на оштетувањата, информираат од Министерството за труд и социјална политика.

Како што појаснуваат од Министерството, досега право на надоместок имале само жените со еднострана и обострана радикална ампутација на дојка.

-Воведувањето на ова право од пензиско инвалидско осигурување е на барање на повеќе Здруженија на жени за борба против ракот на дојка, велат од МТСП.

Во новиот Правилник што веќе е на сила се воведува и табеларно прецизно утврдување на острината на видот и процентите на телесно оштетување според острината на видот. Исто така, велат од МТСП, е подобрен и целиот текст на самиот Правилник.

Линк до правилникот:

http://www.mtsp.gov.mk/content/pdf/2019pravilnici/Pravilnik_lista_telesni_ostetuvanja.pdf

Слични содржини