Се враќа во Англија: Сари преговара со Тотенхем, но и со Арсенал

од Stefanija Kuzmanovska

На истиот ден кога беше објавено дека поранешниот менаџер на Тотенхем, Жозе Мурињо се враќа на тренерската позиција во Серија „А“ во тимот на Рома од следната сезона, од Италија пристигнува ексклузивна вест дека два гиганти од Премиер лигата од Северен Лондон преговараат со поранешниот Менаџерот на Челси – Маурисио Сари.

„Фудбал Италија“ објави во средината на април дека Тотенхем контактирал со агентот Фали Рамадани и се распрашувал за Маурисио Сари, а сега под вињетата „ексклузивно“ ја потврди оваа вест, но додаде и дека поранешниот тренер на Наполи, Челси и Јувентус е во контакт, во исто време, со претставници на Арсенал.

Наводно, Сари бил контактиран од Тотенхем веднаш штом Мурињо бил отпуштен минатиот месец, но претставниците на Арсенал го сториле истото преку неговиот агент, што значи дека Микел Артета ќе ја напушти клупата на „топџиите“ на крајот на сезоната.

Сари, наводно, им рекол и на двајцата дека е отворен за враќање во Премиер лигата откако помина една сезона на „Стемфорд Бриџ“ (2017-18), кога со Челси го освои трофејот во Лига Европа.

Искусниот 62-годишен Италијанец официјално сè уште има договор со Јувентус до јуни 2022 година. „Старата дама“ имаше можност да го раскине договорот вреден 6 милиони евра годишно до крајот на април плаќајќи годишна такса од 2,5 милиони евра. Сепак, таа не ја искористи таа можност. Ова значи дека Сари, доколку преземе клуб во меѓувреме, ќе мора да се ослободи од Јувентус или клубот од Торино би можел да побара отштета за да му дозволи на тренерот да си замине.

Слични содржини