Се врати во Русија: НОВА ФОТОГРАФИЈА од Пригожин на самит во Санкт Петербург

од Stefanija Kuzmanovska

Во руските медиуми и социјалните мрежи се појави фотографија на која се гледа како Евгениј Пригожин, основачот на приватната воена компанија „Вагнер“ се ракува со африкански функционер на маргините на руско-африканскиот самит во Санкт Петербург.

Ова е првпат Пригожин да биде виден во јавноста во Русија откако минатиот месец започна вооружен бунт против руското воено раководство.

Бунтот заврши со договор со посредство на белорускиот претседател Александар Лукашенко. Договорот подразбираше дека Пригожин ќе замине во Белорусија.

Кремљ потврди дека неколку дена по бунтот, Путин и Пригожин се сретнале во Кремљ.

Слични содржини