Се зголемува бројот на новодијагностицирани со Ковид-19, најмногу активни случаи во Скопје и Тетово

од Vladimir Zorba

Се зголемува бројот на новодијагностицирани лица со Ковид-19. Во текот на вчерашниот ден се регистрирани 72 случаи, а најголем дел се од Скопје – 20, во Куманово -14 и во Тетово – 10. Притисок во болниците и амбулантите засега нема.

Министерот за здравство Венко Филипче завчера оцени оти е можно овој тренд на пораст да продолжи и понатаму, но вели дека будно ја пратат состојбата.

Во зависност од моменталната состојба, здравствените власти ќе разговараат и за евентуални рестриктивни мерки, прво насочени кон оние кои не се вакцинирани. Постои можност да се оди по примерот на некои други земји во делот на ограничување на влезот во затворени простории, поточно, да се бара задолжителна потврда за вакцинација.

Вкупно во земјава од почетокот на епидемијата се регистрирани 156.452 ковид-дијагностицирани лица, бројката на оздравени пациенти е 150.371, на починати е 5.493, а бројот на активни случаи изнесува 588.

Слични содржини