Себастијан Курц ќе стане татко

од Stefanija Kuzmanovska

Австрискиот канцелар Себастијан Курц и неговата девојка Сузан Тир очекуваат бебе.

Триесет и четиригодишниот австриски канцелар Себастијан Курц и неговата партнерка го очекуваат своето прво дете. Оваа новост канцеларот ја сподели на социјалните мрежи.

„Пресреќни сме и благодарни што наскоро ќе бидеме тројца. Не чека прекрасна заедничка задача што едвај ја чекаме. Бараме ваше разбирање дека сакаме да ја зачуваме нашата приватност, но со нетрпение очекуваме да ја споделиме оваа добра вест со сите вас“, порача Курц во својата објава на Фејсбук.

Партнерката на најмладиот шеф на австриската влада треба да се породи на крајот на ноември, односно на почетокот на декември. Инаку, Сузан и Себастијан се пар од училишните денови. Тир работи за австриското Министерство за финансии.

Слични содржини