СЕДУМ ДЕНА ПЕКОЛ: Повеќе од 50 ДЕЦА меѓу загинатите, а крајот на крвопролевањето не се гледа

од Берта Китинска

Размената на непријателства меѓу израелските воени сили и палестинскиот Хамас не покажа знаци на забавување на седмиот ден.

Бројот на жртви само расте, а најлошото е што повеќето се цивили и деца.

Палестинците прво пријавија вкупно 145 жртви на конфликтот што започна во понеделникот, на 10 мај, а подоцна дури 202, од кои 52 деца, според палестинското Министерство за здравство, додека Израел пријави 10 мртви, од кои две деца.

Од понеделник до сабота, најмалку 136 лица загинаа во израелски напади, вклучувајќи 34 деца и 21 жена, а 950 лица беа повредени, соопштија палестинските медицински власти. Меѓу осумте загинати, како што е потврдено во Израел, има двајца војници кои загинаа на границата со Газа и шест цивили, меѓу кои и две деца.

Палестинците беа бесни на бариерите поставени пред Портата Дамаск на влезот во Стариот град Ерусалим, бидејќи не можеа да се соберат на молитва во џамијата Ал Акса во првата ноќ од светиот месец Рамазан во исламот. Незадоволството се акумулираше ден претходно кога претседателот Махмуд Абас ги откажа планираните избори, обвинувајќи го Израел за организирање гласање за Палестинците во источен Ерусалим. Хамас – исламистичките ривали на Абас кои ја контролираат Газа и учествуваат на изборите – реагираа луто на одложувањето.

Насилството продолжи во источен Ерусалим преку ноќ. Тензиите само растеа понатаму.

Хамас започна ракетен напад во понеделникот, по повеќенеделни тензии во врска со тужбата за протерување на неколку палестински семејства во источен Ерусалим, по што израелската полиција се судри со Палестинците во близина на џамијата Ал Акса, третото најсвето место во исламот.

Слични содржини