Седум оригинални начини да научиме странски јазик

од Vladimir Zorba
125 прегледи

Оставете ги вообичаените методи за изучување на странски јазици. Денешните полиглоти апсорбираат јазични хоризонти со помош на неколку радикални и доста ефикасни системи. Да видиме некои од нив.

1. Методот на звучните асоцијаци

Професорот од Универзитетот Стенфорд Рон Аткинсон им го нуди на студентите овој оригинален метод за помнење на нови зборови уште во 70-тите години на 20. век. Според неговиот метод треба да бараме ацоцијаци со зборови од својот мајчин јазик (и не само), кои се ни познати.
Со одбраниот збор или фраза, тогаш треба да направиме една асоцијативна реченица која вклучува и преводот. На пример зборот look (пангл.) Звучи како начиот збор за лук. Значи можеме да направиме една реченица како “Фрлив поглед на главиците лук.”
Методот е многу удобен, бидејќи нуди индивидуален пристап за секој и не тера да размислуваме, а не да зборуваме на слепо. Тој е многу корисно за збогатување на вокабулар и како бонус зајакнување на меморијата.

2. Налепници

Совршен начин да запомниме именки, со кои ги нарекуваме предмети со кои имаат значењето секој ден. Пишете на лепливи ливчиња “Refrigerator / Fridge” и залепете го на ладилникот. “Door” оди на вратата, итн.
Овој метод е особено погоден за почетниците, кои допрва почнуваат да акумулираа вокабулар во новиот јазик.
Кога гледаме натпис предмети околу себе секој ден, сами ги чувствуваме нивните имиња на странскиот јазик. Во процесот може да менуваме ливчињата, да ги дополнуваме и да ги мултиплицираме.

3. Методот на 25-те фрејмови

Според теоријата на психологот Џејмс Викари предложена во 1957 година, човечкиот мозок може да препознае визуелно само 24 “слики” во секунда. Ако во секундата се додаде дополнителен кадар, човек не го сфаќа неговото присуство, но информациите се испратени во потсвеста. На овој принцип работат и т.н. “сублимираните” пораки.
Денес се произведуваат видеа за настава на странски јазици, кои претставуваат филмови во кои на секој 90-100 милисекунди светка озлогласениот 25 и кадар. На него е испишано значење на нов збор, граматички правило, итн. Методот не е признат од научната заедница и неговата ефикасност не е докажана, но ќе биде интересно да се набљудуваа развојот и успехот.

 

4. Комуникативен метод

Наместо да седиме над учебникот, подобро да го побараме најефикасниот од сите методи – комуникацијата. Тоа дури и не е некоја посебна методологија – едноставно наоѓате странец и почнувате да се обидувате да се разбере едни со други. Така учеле странски јазици векови и милениуми ред.
Комуницирајте со носителот на јазикот и така е докажано дека забрзано учиме и трајно ќе го запаметиме. Најдобро е да не разговарате само со еден човек, а да барате комуникација во групи, во парови и на најразлични теми во различни ситуации. Современите технологии значително ја поедноставуваат оваа задача – само контактирајте со некој преку разговор и програмите како Skype и побарајте соговорници зад граница.

5. Физичка реакција

Овој оригинален метод е развиен од психологот Џејмс Ашер од Универзитетот во Сан Хозе, САД. Методот е заснован на природниот когнитивен процес преку кој оди и апсорпцијата на својот мајчин јазик.
На првите неколку лекции ученикот само го слуша туѓиот јазик и од него не се бара да реагира вербално или да одговара на прашања. Може само да гестикулира и да реагира физички. Така настанува период на воведување во кој човек започнува спонтано да реагира на странскиот јазик и да учествува во комуницирањето колку може.

6. Аудио-видео

Овој метод личи на претходниот. Суштината е дека во почетокот ученикот главно го слуша туѓиот говор и го согледува пасивно. Дискови и касети со часови се нудат на пазарот со години.
На истиот принцип дејствуваат и видео лекциите. Во нив се гледаат филмови и говори на новиот јазик. Задачата значително се поедноставува кога додадеме и преводи, па да можеме да се споредуваме со нив она што го слушаме од устата на актерите. Недостатоци на овој метод е дека порано или подоцна мора да додадеме кон него и комуникација во која учествуваме активно и ние.

7. Целосно потопување

Лингвистот и педагог Максимилијан Делфиниус Берлиц ја нуди оваа иновација уште во 1878 година. Според овој метод ученикот целосно се потопува во улогата на странски државјанин. Тој може да си го избере соодветното име, да ја направи биографија, да си припише одредени знаења, навики и вештини. Процесот на обука поминува целосно на странскиот јазик и не се дозволува превод.
Зборовите и граматиката се учат во контекст на разговорите, без учебници и укажуваат. Така во групата се создава атмосфера, помага во откривањето на вистинскиот потенцијал на ученици без вкочанетост и стеснување. Каков смисла има Иван да се грижи за изговорот, кога сега тој е Џон? Методот има и други предности – развива социјалните навики и театарските вештини при максимум позитивни емоции.

 

Слични содржини