Актуелно
Почетна / TOP NEWS / Секоја петта компанија во ветената земја за Балканците стравува од пропаст

Секоја петта компанија во ветената земја за Балканците стравува од пропаст

Секоја петта германска компанија не ја исклучува можноста од пропаѓање заради последиците од коронавирусот врз економијата, објави Германскиот економски институт IFO.

“Може да се случи бран на несолвентност во наредните месеци во Германија“, предупреди истражувачот на Институтот IFO, Стефан Сауер, коментирајќи ги извештаите на германските компании во јуни годинава за тоа како коронавирусот ќе влијае на нивниот бизнис.

Анализирајќи ги наодите од истражувањето, IFO меѓу другото утврди дека најголем страв од затворање на бизнисот меѓу германските компании постои во секторот услуги, каде што 27% од претприемачите оценуваат дека нивниот понатамошен бизнис е под голем прашалник, пренесува Seebiz.

Во рамките на услужниот сектор, според истиот извор, најнесигурни се тур-операторите (85% од испитаниците), хотелите (76%) и рестораните каде што 67% од претприемачите не ја исклучуваат можноста за затворање.

Институтот посветува особено внимание на изјавите на индустријалците, каде што повеќе од половина претприемачи во металната индустрија се несигурни за нивниот понатамошен опстанок на пазарот.

Во извештајот на IFO, исто така, се предупредува дека преовладува и висока неизвесност во текстилната индустрија, каде 38% од претприемачите не ја исклучуваат можноста за пропаѓање, индустријата за хартија (28%) и кожарската индустрија (27%), додека дополнителна загриженост произлегува од неизвесноста на автомобилската индустрија и нивните добавувачи, вклучително и 26% од претприемачи кои се сомневаат во понатамошниот бизнис.

Малку помала неизвесност кај германските бизнисмени владее во секторот трговија (21% од анкетираните компании стравуваат од прекинување), додека најмал страв од ефектите на коронавирусот врз економијата има во градежниот сектор, каде што само два отсто од претприемачите се сомневаат во понатамошниот бизнис.

IFO, исто така, укажува на високата неизвесност што владее во креативната и забавната индустрија, каде 55% од компаниите и самостојни уметници и професионалци ја оставаат отворена можноста за затворање заради коронавирус.

loading...