Секоја реклама е добра: Казахстанците го зајакнуваат туризмот заедно со Борат (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Казахстан се спротивставуваше, се лутеше, ги превртуваше очите и протестираше секогаш кога ќе се споменеше сатиричен приказ на оваа земја во изведба на Саша Барон Коен – Борат беше кошмар за Казахстанците. И тогаш го прифатија со раширени раце.

Саша Барон Коен постигна импресивен успех во 2006 година со неговиот филм „Борат“. Продолжението за глупавиот казахстански новинар Борат Сагдијев во Казахстан, за разлика од првиот филм, беше дочекано со раширени раце, иако Барон Коен го претставува Казахстан како валкана, антисемитска земја во која владее инцест. Сепак, Казахстанците сфатија дека во време на корона, секоја реклама е добра реклама.

Туристичката организација на Казахстан одлучи да го искористи новиот „Борат“ филм како реклама за оваа земја со цел да привлече туристи, а Туристичкиот одбор на Казахстан за „Њујорк Тајмс“ изјави дека „во ера на Ковид, кога туризмот е во мирување, добро е да се види земјата што се споменува во медиумите“.

Покрај тоа, Казахстан не само што не се побуни против новиот „Борат“, туку и смисли нов слоган врз основа на филмот – „Kazahstan. Very nice! ” – и сними четири кратки видеа кои ги истакнуваат природните убавини на земјата, урбаниот дух и националната кујна.

Казахстан всушност одлучи конечно да одговори на интересите на своите помлади граѓани кои се добро запознаени со светските настани, урбани се и поминуваат многу време на социјалните мрежи; за нив секако е јасно дека Борат е повеќе вкоренет во американските стереотипи за странските земји отколку во реалноста.

Ова го потврди Коен, кој рече дека го избрал Казахстан за филмот затоа што тоа е земја за која многу Американци не знаат ништо и дека било полесно да се создаде тој паралелен свет – „див, комичен и лажен“.

„Вистинскиот Казахстан е убава земја и има модерно и достоинствено општество – спротивното од верзијата на Борат“, истакна Коен.

loading...

Слични содржини