Селами: Пописот на дијаспората се претвори во маратон, се случува да имаме помалку од 10 попишани на ден

од Nikola Popovski

„Нормално е бидејќи започна како спринт, а сега процесот се претвори во маратон. Во текот на летните месеци очекувавме дека ќе се намали интензитетот, па така имаме само по 10 попишани на ден. Има и денови кога има и помалку“, вели Иљми Селами, заменик-директорот на Државниот завод за статистика, за ТВ 21, за спроведувањето на пописот меѓу иселениците.

Според него, во дијаспората се самопопишале 190.177 иселеници.

„Би ја искористил приликата да ги повикам иселениците да не го чекаат последниот ден. Што поскоро да се попишат, дури уште денеска и со тоа да дадат важен национален и граѓански придонес“, посочува Селами, додавајќи дека најмногу попишан има во Швајцарија, која е пред Германија, Италија, Австрија.

Пописот на дијаспората ќе трае до 30 септември.

Според првичниот закон, пописот на резидентното население на Република Северна Македонија требаше да се спроведе од 1 до 21 април, со употреба на пренослив компјутер, на посебна апликација.

Слични содржини