Селена Гомез за раскинувањето со Џастин: „Најдоброто нешто што можеше да ми се случи“

од Stefanija Kuzmanovska

Популарната пејачка Селена Гомез во својот нов документарен филм „My Mind & Me“ ги раскажа сите детали од нејзината емотивна врска со Џастин Бибер.

Она што најмногу одекна кај публиката е нејзиното признание дека одлуката да раскине со пејачот е најдоброто нешто што можело да ѝ се случи.

Како што додава, не ѝ било лесно да го направи тоа, особено затоа што нивната врска беше под лупа на јавноста.

„Се чувствував прогонувано од мината врска која никој не сакаше да ја напушти, но потоа едноставно преминав преку неа. Не се плашев повеќе“, призна пејачката и додаде:

„Се чувствувам како да морав да поминам низ најлошото можно скршено срце, а потоа само да заборавам сè за миг, беше навистина збунувачки… Но, само мислам дека мораше да се случи и на крајот, тоа беше најдоброто нешто што некогаш ми се случило“, додала Селена.

Да потсетиме, Џастин и Селена беа во врска од 2011 година, а се смируваа и раскинуваа неколку пати до 2018 година. Потоа дефинитивно ставија точка на врската, по што Џастин влезе во врска со Хејли Бибер.

Слични содржини