Семејството на Асанж: Џулијан е опасно блиску да биде екстрадиран во САД

од Stefanija Kuzmanovska
252 прегледи

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж е „опасно блиску“ да биде екстрадиран во Соединетите држави, откако ја изгуби својата последна жалба пред судот, изјавија неговото семејство и луѓе запознаени со неговиот случај, пишува британски „Гардијан“.

Неговите адвокати рекоа дека повторно ќе се жалат до истиот суд, поради стравувањата дека би можел да го помине остатокот од својот живот во затвор поради објавување на неколку илјади доверливи воени и дипломатски документи.

Во пресудата на три страници објавена во вторникот, судијата на Високиот суд на Обединетото Кралство Џонатан Свифт ги отфрли сите осум точки од жалбата на Асанж против екстрадицијата во САД, која беше потпишана од тогашниот британски министер за полиција Прити Пател во јуни минатата година.

Слични содржини