Сенатот потврди: Вилијам Барнс е нов директор на ЦИА

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот Сенат едногласно го потврди назначувањето на ветеранот Вилијам Барнс за нов директор на ЦИА, веднаш откако сенаторот Тед Круз, републиканец од Тексас, го повлече своето противење на неговата номинација.

Барнс е поранешен амбасадор во Русија и Јордан, кој служеше во Стејт департментот и под демократите и републиканците претседатели повеќе од 30 години.

Минатиот месец, тој вети дека ќе обезбеди „недопрени“ разузнавачки информации за Белата куќа.

На тоа сослушување, тој ја опиша Кина како „најголемиот геополитички тест“ за Соединетите држави и рече дека Русија, иако на некој начин е светска моќ во опаѓање, сепак претставува нарушувачка и силна закана, пренесува АП.

Слични содржини