Серсеи од „Игра на тронови“ доживеа незгода: Откри колку време ќе ѝ треба да закрепне (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Актерката Лена Хиди, најпозната по улогата на Серсеи Ланистер во серијата „Игра на тронови“, доживеала незгода.

Имено, таа на Инстаграм сподели фотографија на која се гледа дека едната нога ѝ е во гипс, а до неа стојат патерици.

„Шест недели“, напиша таа, нагласувајќи дека нејзиното закрепнување ќе трае толку долго, но не прецизираше што точно ѝ се случило.

Нејзините следбеници ја поддржаа во коментарите и ѝ посакаа брзо закрепнување.

Покрај улогата во „Игра на тронови“, Лена е позната и по улогите во „Браќата Грим“, „300 – Битката кај Термопили“, „Терминатор: Хрониките на Сара Конор“, „300: Подемот на Империја“ и други.

Слични содржини