Северна Кореја истрела балистичка ракета, Харис е во посета на Јужна Кореја

од Stefanija Kuzmanovska

Северна Кореја денеска истрела балистичка ракета од нејзиниот источен брег, соопшти Здружениот генералштаб на Јужна Кореја.

Лансирањето се случи само еден ден откако Северна Кореја истрела две балистички ракети со краток дострел и ден кога потпретседателката на САД Камала Харис е во посета на Јужна Кореја, објави „Ројтерс“.

Северна Кореја истрела уште една балистичка ракета во неделата, потсетува британската агенција.

Харис и јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол ја осудија „провокативната нуклеарна реторика и лансирањето балистички ракети“ на Пјонгјанг и ја потврдија нивната заедничка цел за целосна денуклеаризација на Корејскиот полуостров, соопшти Белата куќа.

Потпретседателката на САД денеска ја посети демилитаризираната зона која ги дели Северна и Јужна Кореја и по тој повод најави дека до крајот на годината ќе ги посети и Филипините.

Слични содржини