Северна Кореја значително го зголеми бројот на пратки во Русија

од Stefanija Kuzmanovska

Анализата на сателитските снимки од железницата во севернокорејскиот град Туманганг укажува дека е зголемен бројт на пратки од Северна Кореја за Русија.

Во анализата на јужнокорејскиот проект Beyond Parallel се посочува дека на 5 октомври забележани се 73 товарни вагони на железничката станица во Туманганг, за кои се претпоставува дека пренесуваат оружје.

Туманганг е лоциран на границата со Русија и затоа се претпоставува дека товарните вагони пренесуваат оружје.

Претходно, неименуван американски владин функционер изјави дека Северна Кореја почнала да транспортира артилерија во Русија.

Воените трансфери помеѓу Северна Кореја и Русија се спротивни на повеќе резолуции на Советот за безбедност на ОН и би биле предмет на дополнителни санкции од страна на САД и нивните сојузници.

Слични содржини