Шахпаска: Состојбата е стабилна, иако има 120 вработени и 18 деца заболени од Ковид 19 во градинките

Во пресрет на податоците кои ги произнесе Министерството за труд и социјална политика, заклучно со крајот на изминатата работна недела, регистрирани се 120 позитивни вработени, како и 18 дечиња.

„Состојбата во градинкате покажа дека кога доследно се почитуваат протоколите препорачани од Комисијата за заразни болест, ризикот за инфекција од КОВИД 19 е сведен на минимум. Инфекцијата во градинките не се шири меѓу дечињата, тоа го докажуваат здравствените власти врз основа на следење на состојбата. Инфекцијата во градинките доаѓа од надвор. Показател за тоа е поголемиот број позитивни возрасни вработени во градинките“, истакна денеска министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска.

Министерката појасни и дека на неделно ниво се испраќаат извештаи до Комисијата за заразни болести кои ја следат будно состојба и врз таа основа носат одлуки.

„Последниот неделен извештај што го испративме на Комисијата беше минатиот петок со состојба во моментот и тоагаш беа регистрирани 120 позитивни вработени и 18 дечиња. Кога велам вработени тука се мисли и на негуватели, воспитувачи, готвачи, хигиеничари и останатиот кадар. Од тие 120, 51 лице е воспитувач, 50 негуватели, а остантите 19 од останатиот кадар во градиндките. Бројот на лица коишто беа ставени во изолација секако е многу поголем некаде над 1.200 деца се во изолација заради тоа што тие имале контакт со позитивен вработен во градинката, односно тие не се позитивни туку се отстранети заради безбедносни причини“, истакна министерката Шахпаска.

 

Слични содржини