Шахпаска: Состојбата во градинките е стабилна како резултат на почитување на мерките

од Берта Китинска

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска оствари онлајн средба на која учествуваа околу 70 директори на детските градинки.

На средбта било констатиран дека состојбата во градинките е стабилна како резултат на почитување на мерките за заштита од ширење на вирусот.

-Воспитувањето и образованието на најмладите во општеството, децата е работа која бара голема посветеност и вистинска грижа. Од страна на Министерството ја имате целосната поддршка во работата и продолжуваме заеднички да работиме на решавање на сите предизвици кои произлегуваат од секојдневието и обезбедување на безбеден престој на вработените и децата во градинките. Ако ги почитуваме мерките за заштита од КОВИД 19, обезбедуваме безбедни градинки и за вработените и за децата, истакнала министерката Шахпаска.

 

Слични содржини