Шахпаска: Социјалната помош ја зголемивме за 300 проценти (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

„Придобивките од сеопфатната социјална реформа, денес директно ги чувствуваат над 120.000 наши сограѓани, кои се наоѓаат во социјален ризик. Социјалната помош ја зголемивме за 300 проценти“, вели денеска Јагода Шахпаска пратеничка на СДСМ.

„Денес, околу 27.000 семејства добиваат гарантиран минимален приход, во висина до 11.700 денари месечно, а претходно добивале социјална помош во висина од околу 3.000 денари.

Децата чии родители се корисници на правото на социјална помош се ослободени од плаќање на болничка партиципација“, посочува Шахпаска.

Слични содржини