Шахпаска: Вработивме 780 лекари и 1000 медицински сестри, продолжуваме со покачување на пензиите

од Nikola Popovski

„Во изминатиот период докажавме дека можеме, дека ги враќаме парите кај граѓаните преку укинување на радио-дифузната такса, враќање на евтината струја, скенирање на сметките и повраток на ДДВ-то кон граѓаните“, изјави Јагода Шахпаска од СДСМ за дебатната емисија „Топ тема“.

„Вложуваме во човечкиот капитал преку здравството. Зголемување на платите на здравствените работници за 40 проценти, зголемување на платите на медицинските сестри за 20 проценти, издадени се 5000 согласности за нови вработувања. Вработени се 780 лекари и повеќе од 1000 медицински сестри, издадовме 3000 согласности за вработувања на неодредено време. Продолжуваме со покачување на пензиите, што беше наше изборно ветување. Решивме проблеми на 12 илјади стечајни работници кои добиваат 8300 денари на месечно ниво“, рече Шахпаска.

Слични содржини