Шаќири е разочаран од СОНК: Нивниот збор не издржа ниту 24 часа

од Nikola Popovski

Зборот на СОНК не издржа ниту едно деноноќие. Одлуката на синдикалното раководство денес е променета и тоа на штета на нашите млади, учениците од основните и средните училишта, вака изреагира министерот за образование, Јетон Шаќири откако Советот на СОНК одлучи да не прифати зголемување на платите во висина од 12%, заедничко утврдување на методологија за раст на платите која би се применила од 2023 година и исплата на регрес за годишен одмор исто така од следната година.

Според Шаќири постои разочараност поради што доволно голем е јазот во знаењето кој го создаде овој штрајк со целосно блокирање на работата на училиштата и тој повеќе не смее да се продлабочува.

-Исто така, ги повикуваме и родителите/старателите на учениците од утре да продолжат да ги пуштаат/ носат своите деца на училиште. Тие се најмалку виновни што губат настава поради несериозноста на една организација, но можат многу да помогнат во нормализирањето на состојбите, побара министерот.

Претседателот на СОНК, Јаким Неделков денеска информира дека Синдикатот не го прифатил предлогот на Владата и дека продолжува штрајкот во основните и средните училишта, но дека од утре ќе бидат отворени градинките и ќе се згрижуваат деца.

Слични содржини