Шарлиз Терон објави ВИДЕО на кое ја бричи главата

од Vladimir Zorba

Холивудската актерка Шарлиз Терон објави видео на Инстаграм во кое ја бричи главата за потребите на филмот „Mad Max: Fury Road“.

Актерката сподели видео кое неколку години старо на оваа социјална мрежа, со оглед дека споменатиот филм е објавен во 2015 година. Во него, Терон го толкуваше ликот на Фуриоса, чиј заштитен знак е избричена глава.

Организацијата на оваа актерка „Charlize Theron Africa Outreach Project: CTAOP“ го организираше проекцијата на легендарниот филм во Лос Анџелес, како дел од драјв-ин кино, и послужи како идеална можност да потсети на овој настан.

„Во чест на проекцијата на „Mad Max: Fury Road“ вечерва, се сеќавам на оваа точка без враќање кога ја создадов Фуриоса“, напиша актерката под видеото.

Слични содржини