Шефот на Вагнер повеќе не молчи: „Ако одиш во војна, биди карактер и имај челични м…а“

од desk4
Ако одиш во војна, имај карактер, волја и челична м..а  – и само така ќе успееш да постигнеш нешто. Вистинските достигнувања во изградбата на мостови, нови згради и метро станици ќе му овозможат на службеникот да престане да лаже“, рече Пригожин во обраќањето до неименуван функционер. Најверојатно коментарите на Пригожин беа насочени кон Путин, кој од државните руски медиуми e прикажан како лидер кој е длабоко вклучен во малите инфраструктурни проекти и животите на обичните Руси.
 
 Ова го пишува во најновата анализа за конфликт на  Институтот за проучување на војната (ISW). Институтот со седиште во САД, своето тврдење  го заснова на одговорот што Пригожин му го даде на новинарот кога беше прашан за забраната на руските државни медиуми за каква било дискусија за „Вагнер“.

Повикувајќи се на извештајот на Институтот за проучување на војната, Гардијан пишува, дека критиките на Пригожин, доаѓаат затоа што Путин не му ја дал ветената награда за преземањето на Бахмут.

Шефот на „Вагнер“, пред неколку дена изјави дека е убеден оти високите функционери на Кремљ им забраниле на државните медиуми да известуваат за него. На почетокот на овој месец Пригожин прогласи победа во Бахмут, но државната телевизија „20 часа“, не го емитуваше победничкиот говор на Пригожин.
„Она што е забрането е секогаш послатко. Вагнер не е лизгав сапун што бирократите се навикнати да го фрлаат наоколу. Бирократите на високо ниво, истите тие кули на Кремљ, се обидуваат сите да ги замолчат за да не зборуваат за Вагнер. На долг рок, долг рок е два-три месеци, ќе добијат шлаканица од народот затоа што се обидуваат на сите да им ги затворат устите и ушите“, ја пренесува Sky News, изјавата на Пригожин.

 

Слични содржини