Шест заболени ќе прават контролен тест утре за да се види дали сѐ уште се позитивни на коронавирусот

од Aleksandar Todeski

Нема заболени вработени на Инфективната клиника, посочи на прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче. Тој посочи дека сите дијагностицирани до сега биле во контакт со заболени или допатувале во странство изминатиот период.

„Оваа нова бројка на заразени како бројка е очекувана, ние најавивме пред некое време. Се движиме кон пикот, релативно е поблага кривата за разлика од другите земји. Острите мерки очекуваме значајно да ја намалат и онака благата крива“, посочи Филипче.

Министерот образоложи дека има начин на претпоставување на тоа како ќе се движат работите, но има отстапување и многу фактори влијаат на истото, иако тој очекува дека порастот ќе биде благ.

Денеска се регистрирани се 29 нови случаи во земјата, со што бројката изнесува 120 лица. На клиниката за Инфективни болести се хоспитализирани вкупно 24 пациенти.

„Седум пациенти се на третман со кислородна маска, а 11 се во добра здравствена состојба. Утре кај 6 пациенти ќе се зема контролен брис. Од нив 5 се во добра состојба, а кај пациентката која е на респиратнорна машина, состојбата е непроменета“, рече Филипче.

Министерот кажа дека по истекот на 14 дена откако биле дијагностицирани, сите ќе се тестираат за да се види дали се носители или не на коронавирусот.

Слични содржини